ТЕРА

REKLAMA???

АМБАСАДОРОТ МИЛЕВСКИ ЈА ПРЕЗЕНТИРА ПЛАТФОРМАТА ЗА ДИПЛОМАТСКИТЕ АКТИВНОСТИ ВО СЛОВЕНИЈА

На седница на собраниската Комисија за надворешна политика денеска новоименуваниот амбасадор на земјава за Словенија, Горан Милевски, ја претстави платформата за дипломатските активности што ќе ги има како вонреден и ополномоштен амбасадор на Р. Северна Македонија во Р. Словенија.

Во презентацијата на тезите за својата активност Горан Милевски истакна дека Република Македонија со Република Словенија има исклучително добри билатерални политички односи и плодна и богата соработка на локално ниво, во областа на економијата, образованието, здравството, културата. Словенија е првата земја која ја призна независноста на земјава.Оваа година ќе се одбележи јубилеј – 30 години од отворањето на Амбасадата на нашата земја во Љубљана, која е прва воопшто амбасада отворена во странство на 7 јуни 1993 година.

-Од Словенија има што да учиме бидејќи од 2004 е членка на ЕУ и на НАТО, а во 2007 година е дел од еврозоната како и од Шенген зоната. Патот што тие го изедоа може да биде наш патоказ како да станеме дел од ЕУ, но и да го подобриме стандардот на граѓаните. Словенија е и најголем лобист на Македонија и за членство во НАТО, но и за членство во ЕУ. Словенија е моторот кој што цел Западен Балкан го влече во ЕУ и нашиот најзначаен стратешки партнер таму, рече Милевски.