Најмалку осум лица загинале, а повеќе се повредени синоќа во пукање во црквата на Јеховините сведоци во Хамбург во северна Германија. Престрелката се случила во областа Грос Борстел во Хамбург, пишува Радио Слободна Европа.
Полицијата соопшти дека на местото на нападот пронашла едно тело и се претпоставува дека е сторителот, но истрагата е во тек.
Од полицијата наведуваат дека напаѓачот дејствувал сам, но дека се уште не е јасен мотивот за нападот.
Градоначалникот на Хамбург, Петер Шенчер, изјави дека е ужаснат од смртоносното пукање.
„Најдлабоко сочувство до роднините на жртвите. Полицијата работи напорно за да ги пронајде сторителите и да ја расветли позадината на злосторството“, напиша Шенчер.












