САД и Русија со спротивставени ставови за вчерашниот инцидент со пресретнувањето на дрон над Црното море, пишува Радио Слободна Европа.
САД смета дека Русија го крши меѓународното, додека Русија обвинува за провокација со летање дрон во близина на полуостровот Крим, кој Москва илегално го анектираше од Украина во 2014 година.
„Авионите фрлиле гориво врз американското беспилотно летало MQ-9 во очигледен обид да го заслепат или оштетат и полетале пред леталото пред еден од млазниците да се судри со пропелерот на дронот“, изјави портпаролот на Пентагон, бригадниот генерал Патрик Рајдер пред медиумите опишувајќи го пресретнувањето.
Портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс изјави дека Соединетите Држави го повикале рускиот амбасадор за да му врачат протестна нота и дека американската амбасадорка во Русија, Лин Трејси, презела слични чекори во Москва.
Прајс рече дека инцидентот е „безобразно кршење на меѓународното право“.
Руското Министерство за одбрана негираше дека нивното летало дошло во контакт со дронот, за кој рече дека се урнал по „остри маневрирање“. Се наведува дека дронот бил откриен во близина наполуостровот Крим.
„Руските ловци не го користеа своето оружје на бродот, немаа контакт со дронот и безбедно се вратија на нивниот домашен аеродром“, е наведено во руското соопштение.
Во него е посочено дека американскиот дрон летал без да ги активира транспондерите, кои овозможуваат авионите да бидат откриени со радар.












