Поп-пејачката Тамара Тодевска ја промовираше својата најнова песна „Нијагара“, која ја испеа на српски јазик. Музиката и текстот се во соработка помеѓу Лазар Цветковски и Тамара, која првпат се јавува како текстописец. Песната е во модерен ритам и има моќен видео спот, во режија на Огнен Шапковски.
„Нијагара“ е за сите кои во одреден момент се почувствувале ранливо, да знаат дека на крајот има решение. А, тоа е да продолжиме со борбата“, Вели Тодевска. Таа најави и концертна турнеја која ќе ја почне од родното Скопје, преку БиХ. и Србија до Хрватска и Словенија, да ги пренесе сите пораки со нејзината музика.
Тамара откри како почнала својата инспирација да ја преточува во музичко-стиховна креација:
„Првите стихови се создадени сосема спонтано, неочекувано. Ништо не форсирам, се инспирирав и почнав да пишувам, па продолжив со колегата и пријател Лазе. Мислам дека направивме многу добар музички производ“.


















