ТЕРА

REKLAMA???

ПЕТ ЛИЦА УБИЕНИ ВО ВООРУЖЕН НАПАД ВО БАНКА ВО КЕНТАКИ

Банкарски службеник уби пет лица, а рани осум во вооружен напад во банка во градот Луисвил, во американската сојузна држава Кентаки, пишува Дојче Веле.

Меѓу убиените е и напаѓачот, кој во живо го пренесуваше пукањето на Инстаграм. Ранетите се пренесени во болница, меѓу кои има и двајца повредени полицајци. Жртвите се на возраст меѓу 40 и 64 години.

Меѓу деветте повредени е и полицаец кој дипломирал на полициската академја пред само две недели. Полицаецот бил застрелан во главата и сѐ уште е во критична состојба по операцијата на мозокот.

Очевидци за американските медиуми изјавија дека вооружениот напаѓач отворил оган во конференциската сала на Старата народна банка во центарот на градот во 8 часот и 30 минути по локално време.