ТЕРА

REKLAMA???

ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ТЕНЗИИТЕ МЕЃУ КИНА И ТАЈВАН

Министерството за одбрана на Тајван денеска соопшти дека Кина планира да воведе зона на забранети летови на околу 85 наутички милји северно од островот, потврдувајќи го претходниот извештај на агенцијата Ројтерс, пишува Радиот Слободна Европа.

Тајванските власти соопштија дека затворањето ќе биде во зоната за идентификација на тајванската воздушна одбрана. Ројтерс претходно објави, повикувајќи се на анонимни кинески претставници, дека Кина планира да влезе во воздушниот простор северно од Тајван од 16 до 18 април.

Четворица официјални лица надвор од Кина, кои сакаа да останат анонимни поради чувствителноста на темата, рекоа дека забраната ќе ги наруши летовите во северниот регион над Тајван и дека постои позната причина за забраната.

Кина ги завршува неколкудневните вежби околу Тајван, кои се одговор на неодамнешната средба на претседателката на земјата Цаи Инг-вен со претставникот на американскиот Претставнички дом Кевин Мекарти за време на неговата посета на Калифорнија.