ТЕРА

REKLAMA???

НОВИ ПРОТЕСТИ ВО ФРАНЦИЈА ПРОТИВ ПЕНЗИСКИТЕ РЕФОРМИ

Во Франција на вчерашните протести против реформите во пензискиот систем, според податоци на Генералната конфедерација на синдикатот на работници, учествувале над 1,5 милиони луѓе.

Според министерство за внатрешни работи на протестите учествувале 380.000 луѓе.

Протестите се случуваат во пресрет на очекуваната одлука на Уставниот совет за пензиската реформа. Демонстрантите се противат на најавеното постепено зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години. Десничарската влада сака да ја затвори финансиската дупка во пензискиот фонд со реформа.

Спорот се интензивираше бидејќи владата го протурка текстот низ Националното собрание без гласање. Протестите, кои во почетоците беа мирни со недели, во меѓувреме беа засенети од масовно насилство. Макрон веќе најави дека сака реформата да стапи на сила до крајот на годината.