Јапонскиот премиер Фумио Кишида беше цел на напад со димна бомба за време на посетата на западна Јапонија, каде што требаше да одржи говор.
Полицијата уапси едно лице, а премиерот е евакуаиран неповреден.
По инцидентот, премиерот Кишида веднаш бил однесен со автомобил, јавува агенцијата Кјодо. Агенцијата наведува дека од толпа од неколку стотици луѓе била фрлена чадна бомба и предизвикала силна експлозија.
Денешниот инцидент се случи за време на официјалната кампања за дополнителните избори за Претставничкиот дом.













