Денеска на Велика Сабота, во црквата на Светиот Гроб во стариот град на Ерусалим, Израел, се собраа илјадници верници кои присуствуваа на церемонијата на слегувањето на Благодатниот оган во Светиот гроб.

Секоја година се случува чудо, Бог го дава Светиот благодатен оган на Ерусалимскиот патријарх и преку него, на сите луѓе.
Појавувањето на Благодатниот оган во пресрет на православниот празник Велигден, проследено со молитвите на православниот патријарх, свештенството и верниците, сè уште се смета за „чудо од слегувањето на Благодатниот оган“.
Верниците се молат и палат факели и свеќи од пламенот за кој веруваат дека чудесно се запалил во црквата на гробот на Исус Христос.

Од гробот Христов, верниците го разнесуваат огнот до сите домови во Светата Земја, а поклониците го носат низ целиот свет.

Цел свет се осветлува со светлината на Христовото воскресение и светлината на Христа – Сонцето на правдата и радоста.













