ТЕРА

REKLAMA???

НЕКОЛКУ ЛИЦА НАСТРАДАА ВО УРИВАЊЕ НА КАТНА ГАРАЖА ВО ЊУЈОРК

Едно лице загина, а шестмина се повредени при уривање на катна гаража на Менхетн во Њујорк, а надлежните стравуваат дека има луѓе кои се заробени под урнатините.

Четирикатната гаража делумно се урнала вчера околку 16 часот по локално време.

Од противпожарната служба изјавија дека во моментот на несреќата во објектот имало шест лица, од кои едно лице починало, четворица се пренесени во болница, а еден одбил лекарска помош.

Причината за уривањето на катната гаража сè уште не е позната.