ТЕРА

REKLAMA???

ЕВРОПА ПОВИКА НА ПРИМИРЈЕ ВО СУДАН

Првиот човек на европската дипломатија, Жозеп Борел, синоќа ги повика двајцата лидери на завојуваните страни во Судан да прогласат примирје и додаде дека ЕУ ја евакуира својата делегација од суданскиот главен град Картум.

Борел на Твитер напиша дека разговарал со началникот на армијата на Судан и де факто претседател Абдел Фатах ал-Бурхан и шефот на паравоените сили за брза поддршка (РСФ) Мохамед Хамдан Дагл.

Тој напиша дека за време на разговорите „инсистирал на потребата да се заштитат цивилите“ во Судан, каде што повеќе од една недела се водат тешки борби.

Првиот германски воен авион со луѓе евакуирани од Судан, погоден од конфликт, слета во Берлин, соопшти Министерството за надворешни работи.

Во авионот имаше 101 германски државјанин и членови на нивните семејства, како и државјани на земјите партнери, соопшти Министерството.

Во две групи, првата со помош на Франција, втората со помош на Италија, успешно беа евакуирани грчки државјани од Судан, а операцијата за евакуација на останатите Грци продолжува, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за надворешни работи на Грција соопштија дека синоќа беше евакуирана првата група во која се и двајцата повредени Грци, додека пак рано утрово, беа евакуирани уште десет лица.

Американските сили за специјални операции извршија итна евакуација на американската амбасада во завојуваниот Судан за помалку од еден час во неделата користејќи хеликоптери, пренесува „Политико“.