Киев се обидел да изврши напад со дрон врз резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин во Кремљ, соопшти администрацијата на рускиот претседател.
Москва ги оцени дејствијата на Киев како планиран терористички акт и обид за убиство на претседателот на Русија, во пресрет на Денот на победата и парадата на 9 мај, пренесе РИА Новости.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски негираше дека неговата земја извршила наводен напад со беспилотно летало врз Кремљ, за кој Русија вели дека бил обид за атентат врз претседателот Владимир Путин.
Советникот на Зеленски, Михаило Подољак, претходно изјави дека Киев нема никаква врска со нападите со беспилотни летала врз Кремљ и предупреди дека Русија ќе го искористи наводниот напад за да ги оправда масовните напади врз украинските градови.
Москва во средата забрани прелети на беспилотни летала над градот по тврдењата дека спречила украински обид за атентат на рускиот претседател Владимир Путин откако два украински дрона ја нападнале претседателската резиденција во Кремљ.












