ТЕРА

REKLAMA???

ИНТЕНЗИВЕН ВОЗДУШЕН НАПАД НА КИЕВ

Руските сили рано утрово извршија, како што се наведува, исклучително интензивен воздушен напад врз Киев, користејќи беспилотни летала и крстосувачки, а според некои извештаи, веројатно и балистички ракети, објавија властите на главниот град на Украина.  

Станува збор за осми воздушен напад на Киев во текот на овој месец. 

„Во однос на интензитетот, тој беше исклучителен – максимален број ракети во најкраток можен временски период“, објави на Телеграм шефот на воената администрација на главниот град на Украина, Серхиј Попко.

Градоначалникот Витали Кличко изјави дека некои остатоци од соборените проектили паднале во централните области на градот, вклучувајќи ја зоолошката градина.

По неколку недели пауза, Русија кон крајот на април ги обнови нападите со проектили со долг дострел, но противвоздушната одбрана во најголем дел беше успешна во дејствувањето.

Утринскиот напад уследи ден по посетата на Зеленски на Велика Британија, каде што, исто како и во Франција и Германија претходно, договори нова воена помош за Украина.