Во салата на Советот на општина Битола започна вонредната седница која ја закажа претседателката Габриела Илиевска, а претходно ја имаше побарано и градоначалникот на Битола и советниците од ВМРО ДПМНЕ.

Седницата ја води претседателката Илиевска. Во салата се присутни советниците од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, советниците од СДСМ и Коалицијата, советниците од Поинаку, од Левица, како и советничката од ДУИ.

На седницата е присутен и градоначалниот на Битола, Тони Коњановски.
На дневен ред се следните точки:
-Одлуката за согласност и конфинансирање на проектот за изработка на техничка документација за „Реконструкција на каскадите и слапишта како и дел од општествените речни ѕидови на реката Драгор на потегот од мост на Индустриски пат се до 500 метри над Црн Мост“,
-Прогрмата за измена и дополнување на Програмата за економски развој на Општина Битола за 2023 година,
-Заклучок за усвојување на Извештајот на општинската Комисија за проценување на штети од елементарни непогоди во општина Битола настанати од невремето – град и поплави на ден 27.05.2022 година.


















