Тина Тарнер, една од пионерките на рокенролот која подоцна стана поп ѕвезда, почина денеска на 83 години по долго боледување, во нејзиниот дом близу Цирих, Швајцарија.
Таа имаше здравствени проблеми изминативе неколку години, откако во 2016 година и беше дијагностициран рак, а во 2017 година и беше трансплантиран бубрег.
Кралицата на рокенролот зад себе остави безвременски хитови.
Тарнер се прослави заедно со сопругот Ајк во 1960-тите со песните меѓу кои и „Гордата Мери“ (Proud Mary).
Тина Тарнер е родена во 1939 година во САД. Таа беше една од најпопуларните рок пејачки, позната по настапите во живо и големите хитови како што се: „The Best“, „Proud Mary“, „Private Dancer“ i „What’s Love Got to do With It“.
Освои осум Греми награди и беше примена во Рокенрол куќата на славните во 2021 како соло пејачка, откако првпат беше примена заедно со Ајк во 1991.
Глумеше во филмот „Лудиот Макс“ од 1985 во кој главма тема беше уште едне нејзин хит „Не ни треба друг херој“ – и во рок операта „Томи“ на Ху од 1975, како Кралицата Есид.


















