ТЕРА

REKLAMA???

ФАНОВИТЕ СЕ ЗБОГУВААТ СО ТИНА ТАРНЕР

Рокенрол дивата Тина Тарнер, како што вчера беше објавено, почина на 83-годишна возраст во нејзиниот дом близу Цирих, Швајцарија.

Обожавателите се збогуваат со неа, палејќи свеќи пред нејзиниот дом.

Обожавателите на големо се збогуваат со неа, а трогателни сцени се забележани на Булеварот на славните во Холивуд, каде легендарната пејачка има своја ѕвезда.

Таа имаше здравствени проблеми изминативе неколку години, откако во 2016  ѝ беше дијагностициран рак, а во 2017 ѝ беше трансплантиран бубрег.

Тина Тарнер го одржа својот последен концерт на 5 мај 2009 година во Шефилд, Англија.

На имот од околу 5.000 квадратни метри во Швајцарија, кој го нарече „Алгонкин“ по нејзината баба Индијанка, Тина уживаше без шоу-бизнисот, заедно со својот сопруг, Германецот Ервин Бах.