Продолжуваат меѓусебните обвинувања меѓу Киев и Москва за уривањето на големата брана Нова Каховка во областа Херсон, а досега од областа се евакуирани повеќе од 1.000 луѓе.
Нивото на водата во Нова Каховка утринава почна да опаѓа, по вчерашното зголемување поради уривањето на браната, соопшти локалната управа формирана од Москва, пренесува Ројтерс
„Со сигурност знаеме за седум лица дека се водат за исчезнати“, изјави градоначалникот Леонтиев за Тасс.

Од градот вчера беа евакуирани над 900 лица со вкупно околу 45.000 жители. Нова Каховка е под руска контрола и се наоѓа на левиот брег на реката Дњепар.
„Освен тоа, катастрофата предизвикана од активности на човекот, ќе го наруши снабдувањето со вода во 31 систем за наводнување на полињата во регионите Дњепропетровск, Херсон и Запорожје“, соопшти министерството.

„Уништувањето на хидроцентралата Каховка ќе значи дека полињата во јужна Украина веќе следната година би можеле да се претворат во пустини“, додаваат од министерството.
Руските власти тврдат дека Украина ја саботирала браната Каховка за да го сврти вниманието од неуспешната контраофанзива и да го прекине водоснабдувањето на Крим.
Киев, од друга страна, ја обвини Русија дека нејзините сили ја кренале во воздух хидроелектричната брана Каховка во јужна Украина.













