Најмалку четири лица се загинати, а 32 се повредени откако руска ракета утрово погоди станбена зграда во западниот украински град Лавов, соопшти украинското Министерство за внатрешни работи.

Градоначалникот на Лавов, Андриј Садови, вели дека ова е еден од најголемите напади врз цивилната инфраструктура на градот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вети „конкретен одговор“ на рускиот ракетен напад врз станбен блок во градот Лавов, во западна Украина.
„Ова се последиците од полноќниот напад на руските терористи“, кажа Зеленски во објавата на каналот Телеграм, што беше придружена со видео на кое се гледа уништената зграда.
„За жал, има загинати и повредени. Дефинитивно ќе има одговор на акциите на непријателот. И тоа конкретни“.












