ТЕРА

REKLAMA???

ВО РИМ ИЗМЕРЕНИ РЕКОРДНИ 41,8 СТЕПЕНИ

Италијанската престолнина вчера забележа нова рекордно висока температура од 41,8 степени Целзиусови,  додека топлотниот бран опустоши поголем дел од јужна Европа, објави метеоролошката служба на регионот Лацио.

Претходниот рекорд од 40,7 степени Целзиусови беше  во јуни минатата година. Таа температура денеска беше надмината во различни делови на Рим, а метеоролошката станица во источните предградија забележа нов рекорд.

Европа се бори со високите температури, а топлотниот бран не покажува знаци на намалување.

Италијанците се предупредени да се подготват за „најинтензивниот топлотен бран ова лето и еден од најинтензивните досега“.

МИА