Хрватска повторно е погодена од невреме, откако бурата мина низ Италија и Словенија.
Силното невреме посебно ги зафати Истра и Кварнер. Паѓаше град, а силен ветер корнеше дрвја, пренесува Индекс.
Загреб повторно е погоден, каде исто така се откорнати дрвја. Во Риека падна дигалка, оштетен е покрив на училиште, а градскиот сообраќај е во хаос.
Црвено предупредување е во сила за областите Истра, Кварнер, Госпиќ, Карловац и Загреб. Во останатиот дел од Хрватска, портокаловото предупредување сè уште е во сила.
Силен дожд пропратен со грмежи и силен ветер ја зафати синоќа Србија. Најпогодена е Војводина, каде ветерот соборуваше дрвја, причинувајќи материјална штета.
Одделот за итна помош спаси пет лица, една жена е повредена, а десетгодишно дете загина во Нови Сад од струен удар или гром, јави дописникот на МИА од Белград.













