ТЕРА

REKLAMA???

СДСМ ЌЕ БАРА НА СЕДНИЦАТА В СРЕДА ДА СЕ РАСПРАВА ЗА РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ

Битолската СДСМ денеска соопшти дека советничката група на СДСМ и коалицијата на следната седница на Советот на Општина Битола закажана за в среда, 23 август, ќе предложи советниците да расправаат за ребалансот кој сите едногласно го изгласале на последната 29-та седница на Совет во месец јули!

„Со невчитувањето на ребалансот во министерството за финансии, приказната не завршува тука. Нема да дозволиме Коњановски да си игра мајтап со парите на битолчани и со неколкумина околу него да распределува пари како што ќе им текне. Амандманите ги изгласаа сите советници едногласно и тоа е волјата на битолчани!

Тоа што министерството не го вчита ребалансот, не значи дека ребалансот е поништен, туку е потврда дека Коњановски тера инает и не прави правилна распределба на средствата по ставки и години за да може буџетот да помини.

Претседателката на Советот, Илиевска, повторно погреши, таа требаше да знае дека со потписот што го стави на таквиот, несработен буџет, стана соучесник во одолговлекувањето на постапката за ребаланс на буџетот на општината!

Затоа, вистинското прашање е за чии интереси работат Коњановски и Илиевска и упорно се инаетат и надмудруваат преку преписки кој е во право! А, штетата ја трпат само битолчани !

СДСМ и коалицијата уште еднаш го афирмираат ставот дека ќе дозволиме да биде изгласан ребаланс само доколку тој биде развоен и содржи, пред сè, капитални проекти! Ги повикуваме сите политички партии во Советот на соработка и конструктивност за фамозниот ребаланс да добие финална разрешница на следната седница“ стои во соопштението на СДСМ.