Нека не праќа спортисти, културни работници, други граѓани да прашуваат зошто нема пари и зошто е закочен ребалансот на буџетот, туку нека им објасни дека ги потрошија парите што требаше да им ги дадат, па сега се правдаат и вината ја префрлаат на СДСМ, стои во реакцијата на битолската СДСМ.
„На битолчани едно треба да им биде јасно: дури и кога ќе помини ребалансот на буџетот, нема да си ги добијат парите што ги очекуваат оти пари нема!!!
Касата на Општина Битола е празна! Коњановски и ДПМНЕ ја направија решето!
Ниту спортистите ќе добијат колку што очекуваат, ниту културните работници ќе земат колку што им било ветено, ниту граѓаните ќе ги добијат парите за климите и за дограмите! Пари нема!!!
А, единствени кои имаат контрола врз трошењето на парите се Тони Коњановски, Борче Димитровски и неколкумина од ДПМНЕ!
Не еден, туку уште десет ребаланси на буџетот да има, на Битола ѝ нема спас дури со неа раководи ДПМНЕ“ велат од СДСМ.












