ТЕРА

REKLAMA???

НА ЧАСОВИТЕ БЕЗ МОБИЛНИ ТЕЛEФОНИ ВО ГОРНАТА ГИМНАЗИЈА

Има време и за мобилни телефони, но на училиште, најважен е часот и предавањето на наставникот, вака велат од гимназијата „Јосип Броз Тито“.

„Со одлука на Наставнички совет, сите ученици и наставници задолжително ги оставаат своите мобилни телефони во кутиите со прегради кои ги набавивме специјално за таа намена. Секако дека за време на одморите можат да се користат. Вниманието и вклучувањето во часот се приоритет. Со оваа одлука се надеваме и очекуваме да се подобри вниманието и концентрацијата на часот, да се подобри училишниот успех на учениците но и да се намали употребата и зрачењето на мобилните телефони во секојдневието“ велат од битолската гимназија.