ТЕРА

REKLAMA???

УБИЕН ИЗВРШИТЕЛОТ НА СИНОЌЕШНИОТ НАПАД ВО БРИСЕЛ

Белгиската полиција го застрела и уби 45-годишен Тунижанец, Абдесалем Ал Гуилани, кој беше осомничен за синоќешното убиство на двајца шведски фудбалски навивачи во Брисел, објави телевизија РТБФ.

Според телевизијата, како што јави дописникот на МИА од Брисел, извршителот на нападот, кој властите го оквалификуваа како „терористички“, бил прогласен за мртов набргу откако бил пренесен в болница.

Претходно беше објавено дека двајца шведски државјани се убиени од вооружениот напаѓач во белгискиот главен град Брисел.

Убиените Швеѓани носеле дресови на шведската фудбалска репрезентација, па бидејќи во Брисел синоќа требаше да се игра меч од квалификациите за Европското првенство во фудбал во 2024 година меѓу Белгија и Шведска, се претпоставува дека допатувале во белгискиот главен град за следење на натпреварот. Инцидентот се случил околу 19:15 часот на околу пет километри од стадионот “Крал Бодуен“, каде што се игра мечот.

Поради нападот шведските навивачи се задржани на стадионот, а натпреварот беше прекинат