Советникот од ВМРО НП, Кире Климевски, кој е дел од Коалицијата на СДСМ, денеска го потсети Коњановски за ветувањето за нов објект на противпожарната единица во некогашната касарна.

„Д-р Тони Коњановски на 7 Октомври 2021 год. за време на кампањата за локалните избори во 1 :48 секунди ветуваше
1. Поддршка за Доброволните против пожарни друштва
2. Современи услови за пожарникарите вработени во ТППЕ Битола
3. Нов објект –изградба на Пожарна во касарната
После 2 години изгубено време на народот од лагите на Локалната власт и 0 денари вложени пари во Пожарната ќе кажиме дека:
1. Нема поддршка за Доброволните против пожарни друштва
– Советниците на ДПМНЕ не гласаа за отстапување на дотраените ПП возила на ДПД
– Советниците на ДПМНЕ не ја гласаа ниту годишната програма за вработување во Пожарната
2. Нема Современи услови за пожарникарите
– Ништо не е инвестирано за подобрување на условите во ТППЕ Битола
– Туку има само Неисплатени прекувремени саати на пожарникарите кои своите права си ги бараат преку тужби кон Општина Битола.
3. Нема нов објект на Пожарната во кругот на Касарната
– Нема локација за изградба на Пожарна во кругот на Касарната
– Нема ниту средства обезбедени за нејзина изградба
Овој плакат го оставаме тука, да сведочи за лагите на Коњановски и за изневерените очекувања од страна на Пожарникарите Коњановски не ја оправда довербата на Битолчани . Напротив ги разочара и ги изневери и пожарникарите и Битолчани“ рече советникот Климевски.












