ТЕРА

REKLAMA???

ЛИЦЕ ОД ОХРИД ЗАГИНА ВО СООБРАЌАЈКА КАЈ БИТОЛА

Синоќа околу 19:30 часот во СВР Битола било пријавено дека на магистралниот пат Битола-Ресен, во близина над с.Братиндол, битолско се случило сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило марка „вмв” со ресенски регистарски ознаки управувано од лице од с.Езерани, ресенско и сопатник од с.Царев двор, ресенско и патничко возило „рено клио”со охридски регистарски ознаки управувано од 50 годишно лице од Охрид и сопатничка од Охрид .

Од страна на Доктор во Клиничката болница во Битола, кај лицето кое го управуваше возилото „рено клио“ со охридски регистарски таблички констатирана е смрт како последица од повредите а, додека кај сопатниците констатирани се повреди. Увидот го врши увидната екипа на СВР Битола, соопштија од битолската полиција.