ТЕРА

REKLAMA???

ПРЕКУ 1700 ЕКСПОНАТИ НА САЕМОТ ЗА МОТОРИ ВО МИЛАНО

Деновите во Милано се одржува еден од најголемите саеми за мотори – EICMA.

За оваа меѓународната изложба на мотори и додатоци можеме да кажеме дека е на светско ниво и можеби е најважниот саем за индустријата за мотори.

Првото издание на EICMA беше во 1914 година, со седиште во Милано и до ден денес се потврдува како најпосетувана манифестација во светот по број на изложувачи, посетители, оператори и новинари на меѓународно ниво.

Изложбата, со над сто години историја, денес е извор на инспирација за мобилност и инкубатор на трендови и страсти.

Но, постојат бројни елементи што ја прават EICMA изложба на големо влијание: бројни иновации на производи, меѓународни прес-конференции, технички работилници, присуство на возачи од светски ранг.. и оваа година долго очекуваниот електричен мотор.

Револуцијата на електричните мотоцикли се разиваше бавно, особено во споредба со автомобилскиот сектор, но веќе го имаме и првиот електричен мотор.

Саемот трае до недела, а годинава го бележи јубилејот – осумдесетто издание.

Настанот го посетија посетители од 45 земји и беа изложени 1.700 експонати.