ТЕРА

REKLAMA???

ПОГОДЕНИ ТРИ БОЛНИЦИ ВО ГАЗА

Претставници на властите во Газа соопштија дека Израел извршил воздушни напади врз или во близина на најмалку три болници, нагласувајќи ја критичната состојба на здравствениот систем во палестинската енклава додека се обидува да се справи со илјадници повредени или раселени луѓе во Газа.

Меѓу именуваните медицински установи е и најголемата болница во Газа, Ал Шифа, каде Израел вели дека Хамас има скриени командни центри и тунели, што Хамас го негира. Кидра рече дека Израел го нападнал дворот на медицинскиот комплекс во градот Газа и дека има жртви, но не наведе детали.

Израелската војска веднаш не го коментираше извештајот на Кидра, за кој светските агенции нагласија дека не може независно да се потврди.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа изјави дека неговата земја не сака да ја освои, окупира или владее со Газа по војната против Хамас, но, доколку е потребно, во палестинската енклава ќе мора да влезат „уверливи сили“ за да се спречи воена закана.

Кажаното од Нетанјаху во оваа недела дека Израел ќе биде одговорен за безбедноста во Газа, предизвика негативна реакција кај САД, главниот сојузник на Израел.

Вашингтон најави дека ќе се спротивстави на израелската

окупација на Газа по војната, во која Израел се обидува да го уништи раководството на Хамас со бомбардирања на енклавата, до кои дојде по изненадувачкиот напад врз јужен Израел на 7 октомври во кој загинаа 1.400 луѓе.