ТЕРА

REKLAMA???

ВО ИНКУБАТОРИ ГИ ИЗНЕСОА ОД БОЛНИЦАТА ВО ГАЗА

Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека амбулантни возила вчера тргнале од болницата Емирати во Газа со 28 предвремено родени доенчиња до преминот Рафа.

Снимките на телевизијата „Ал-Кахера Њуз“ покажаа дека секое бебе е префрлено во инкубатор, а потоа во египетско амбулантно возило.

Ниту едно од доенчињата не беше придружувано од роднини, бидејќи палестинското Министерство за здравство не можеше да најде блиски членови на нивните семејства, додаде СЗО.

Околу стотина пациенти се евакуирани синоќа од индонезиската болница во Газа, која вчераутро беше цел на израелско гранатирање, соопшти портпаролот на Министерството за здравство Ашраф ал Кидрех. Според ал Кидрех, операцијата била спроведена во координација со Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК).

„Има уште 500 пациенти во болницата и работиме со МКЦК на нивната евакуација во болницата „Насер“ во Кан Јунис, на југот на Појасот Газа“, додаде портпаролот на болницата.

Ал Кудрех додаде дека „стотина други пациенти во текот на ноќта ќе бидат евакуирани, а потоа ќе бидат распоредени во различни болници на југот“.