Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг синоќа допатува во Белград каде се очекува денеска треба да има средби со српскиот претседател Александар Вучиќ
На белградскиот аеродром Столтенберг беше пречекан од српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ.
На белградскиот аеродром „Никола Тесла“ го пречекав генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој ќе биде во официјална посета на Република Србија, напиша Вучевиќ на Инстаграм.
Столтенберг претходно ја посети Приштина, каде разговараше со претседателот и премиерот на Косово, Вјоса Османи и Албин Курти.
Премиерот Димитар Ковачевски денеска попладне ќе го пречека генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, кој е во официјална посета на Република Северна Македонија, што е прва посета откако државата е полноправна членка на НАТО.












