ТЕРА

REKLAMA???

ДИГИТАЛНО ОПИСМЕНУВАЊЕ НА ПЕНЗИОНЕРИ ОД ЗДРУЖЕНИЕТО ВО БИТОЛА

Здружението на пензионери Битола во август склучи Меморандум за соработка со Здружение на професионални консултанти „Подготвеност за Европа” – Скопје, каде се утврдија активностите  што треба да се остварат во проектот „Заедно сме посилни во дигиталниот свет”.

Проектот го спроведуваат Здружението „Подготвеност за Европа” во соработка со Црвен крст, а финансиски е поддржан од Европска Унија.

Целна група беа 30 пензионери, кои со назначен ментор два пати во неделата во траење од 2 часа во просториите на Здружението на пензионери Битола, два месеци, беа дигитално описменети, согласно Програмата за дигитално описменување на стари лица и модулите за сајбер безбедност.

Проектот беше реализиран во целост, пензионерите стекнаа знаење на различни теми поврзани со основни дигитални вештини, користење на достапни апликации од нивен интерес, како и теми поврзани со сигурно и безбедно користење на интернет услугите.

Завршна заедничка средба се одржа на 16.11.2023 год.  на која на сите учесници им беа доделени сертификати за активно учество на работилниците и стекнување основни дигитални вештини и безбедно присуство на интернет во рамките на проектот „Заедно сме посилни во дигиталниот свет” спроведен во периодот од октомври до ноември 2023 година.