ТЕРА

REKLAMA???

ВТОР ДЕН ОД ПРИМИРЈЕТО МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ХАМАС

На вториот ден од привремениот прекин на огнот помеѓу Израел и Хамас предвидено е да продолжи ослободувањето на израелските заложници и палестинските затвореници.

Хамас, на првиот ден од привременото примирје, вчера ослободи 24 заложници, од кои 13 Израелци, 10 Тајланѓани и еден Филипинец, а Израел ослободи 39 Палестинки и малолетни лица.

Тоа е прв прекин на огнот од почетокот на конфликтот на 7 октомври кога Хамас го нападна Израел. Првично примирјето требаше да стапи во сила, но почна денеска во 7 часот по локално време.

Согласно Договорот за четиридневно примирје предвидено е да се ослободат најмалку 50 заложници од Појасот Газа во замена за 150 палестински затвореници од израелските затвори.

Четиридневното примирје, постигнато со посредство на Катар, Египет и САД предвидува „целосен прекин на огнот без напади од воздух или земја“ и небо без беспилотни летала за „да се овозможи ослободувањето на заложниците во безбедна средина“.

Израелските сили денеска се повлекоа од најголемата болница во Газа, Ал-Шифа, соопшти Министерството за здравство управувано од Хамас Израелската војска минатата недела изврши рација на Ал-Шифа, по што околу 2.300 пациенти, персонал и раселени цивили, кои се засолниле во комплексот Ал-Шифа, се евакуирани јужно од Појасот Газа.

МИА