На вчерашната комисиска расправа во собранието на буџетот за 2024 година прифатен е амандман наменет за капитален проект за Општина Битола. Поконкретно, овие средства ќе бидат предвидени за изградба на влезот во Битола од страната на Прилеп, соопшти утрово градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

Со изготвениот основен проект за Реконструкција на улица „8-ми Септември“ во должина од 1400м на КП бр.1476/1 КО Горно Оризари и КП 900 КО Раштани – Битола (од бензинска та станица „Лук Оил“ до таблата на излез кон Прилеп) со следните фази: атмосверска канализација, водоводна инсталација, коловозна конструкција, улично осветлување, реконструкција на пропуст над Раштански порој, поставување на сообраќајна опрема, експропријација.

За ова Коњановски пишува:
„Сето ова немаше да беше возможно без напорите на претседателот Христијан Мицкоски и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Македонија, кои во услови на опозиција под сериозни опструкции од власта, успејаа да обезбедат средства за капитален развој на Општина Битола. Ова е само почеток на нашата мисија за преродба на нашиот град. Заеднички, одговорно, чесно и посветеност работиме во интерес на граѓаните на Битола кои ни се врвен приоритет! Важно промените да продолжат не само за Битола туку и за Македонија“ стои во неговата објава.

„Со амандман успеавме да обезбедиме средства во висина од 110 000 000 милиони денари од Буџетот на Република Македонија“ велат пратеничките Олга Лозановска и Силвана Ангелевска.













