ТЕРА

REKLAMA???

ПОДОБРЕНА БУЏЕТСКА ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ПРИМЕР ЗА ОТЧЕТНОСТ КОН ГРАЃАНИТЕ НА ДРЖАВНО НИВО

Општина Битола, бележи подобрување на буџетската транспарентност и претставува добар пример на државно ниво за отчетност кон граѓаните, стои во денешното соопштение на Опшината.

Од таму велат дека ова го потврдува извештајот за фискална – буџетска и даночна транспарентност, изготвен од УСАИД во рамките на проектот „Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите” кој им помага на партнер општините во унапредување на транспарентноста и отчетноста во процесите на прибирање, трошење и контрола на сопствените ресурси, со цел ефикасна испорака на услугите до своите граѓани. УСАИД ги поддржува напорите на земјата во намалување на корупцијата и зголемување на ефективноста и транспарентноста на локалните власти. Според најновата анализа, во групата на најтранспарентни општини (вкупно 16) се вбројуваат и 10 од партнер општините на Проектот на УСАИД кои се поддржани во рамки на втората група и тоа општините: Берово, Битола, Брвеница, Град Скопје, Делчево, Кочани, Крива Паланка, Новаци, Прилеп и Радовиш.

 Во групата на добри примери за отчетност кон граѓаните (вкупно 19) се вбројуваат и 7 партнер општини на Проектот на УСАИД од втората група, и тоа: Битола, Виница, Делчево, Јегуновце, Крива Паланка, Прилеп и Радовиш.

Како добар пример за редовно објавување информации за доставување и подмирување на даночните обврски се општините Битола, Прилеп, Град Скопје како партнер општини на проектот од втората група на општини и општина Илинден како партнер општина на проектот од првата група на општини, информираат од општината.