Утрово -6 степени во Битола, -5 Дебар, -4 Прилеп, Попова Шапка, -3 Охрид, Маврови Анови, -2 Тетово, Демир Капија, Крушево, Претор, -1 Велес, 0 Скопје-Петровец, 1 Берово, Струмица, Кавадарци, 3 Крива Паланка, 4 Штип, Виница, Куманово, 5 Скопје-Зајчев Рид, 8 Гевгелија.
Висината на снежната покривка е 13 см во Маврови Анови, 10 Битола, 9 Берово, 7 Крушево, 6 Попова Шапка, 3 Тетово, Охрид.
Во текот на ноќта и изутринава во поголем дел од земјава времето беше малку до умерено, а во североисточниот дел значително облачно. Во Дебар има појава на магла со ограничена хоризонтална видливост до 50м. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.
Денеска во западните делови претежно сончево и тивко. Во источните сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 15 степени. Во Битола до 6 степени.











