Од денот кога стана градоначалникт до денес, Тони Коњановски има потрошено над 10.000.000 денари за јадење и пиење по битолските ресторани и хотели, велат од битолската СДСМ во денешната нивна објава на Фејзбук.
Понатаму се вели:
„За ручеци и вечери на сметка на општината, Коњановски склучил 4 договори за хотелски и угостителски услуги.
2.900.000 денари, договор склучен на 22.03.2022 година,
2.800.000 денари, договор склучен на 28.04.2022 година,
3.000.000 денари, договор склучен на 08.06.2022 година,
1.600.000 денари, договор склучен на 26.07.2023 година.
Вкупно 10.300.000 денари (по)троши Коњановски за јадење и пиење по ресторани и хотели! Или дневно, Коњановски има по 12.530 денари за ручеци и вечери!
Ова е чесното и домаќинско работење на Коњановски и кадрите на Мицкоски и ДПМНЕ? прашуваат од СДСМ.












