ТЕРА

REKLAMA???

КОЊАНОВСКИ НА УВИД НА ЛОКАЦИИ КАДЕ ШТО СЕ РАБОТИ

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, изврши увид на повеќе локации каде што се изведуваат градежни активности, со што во тек е реализацијата на повеќе планирани проекти, преку соопштение информираат од Општина Битола.

Во делот на прифатилиштето за бездомни животни, општината е во завршна фаза на постапување согласно добиените насоки од Агенцијата за храна и ветеринарство, активно се работи на изградбата на детската градинка во АРМ, продолжува реконструкцијата на улицата Захарија Шумљанска, а во Горно Оризари во тек е изведба на водоводна мрежа.

Со овие активности, општината уште пред официјалниот почеток на градежната сезона, веќе работи на реализација на проектите согласно Програмите за работа, истакнуваат од општината.