ТЕРА

REKLAMA???

ВМРО ДПМНЕ: СДСМ ПРЕДИЗВИКУВА РАСПАД НА ЦЕЛИ ИНСТИТУЦИИ

Инцидентите во битолскиот Затвор не само што не завршуваат, туку и ескалираат, рече на денешната прес конференција Виолета Ковачевиќ од ВМРО ДПМНЕ.

„Виртуозното менаџирање од локалниот “безгласен лидер” на СДС, Драган Крајовски сега резултираше со пожар во една од затворските ќелии и повреден затвореник.

Навистина, преминати се сите граници на разумот и не би сакале да предвидуваме до каде може и со што може да заврши неспособноста на безгласниот и неЕвакуиран, Крајовски.

Во исто време, премногу непознати ситуации во затворот со лица кои треба да добијат воспитувачка грижи и ресоцијализација.

Премногу параметри укажуваат на фактот дека механизмите на контрола со оваа власт одамна не функционираат.

Тоа што се распаѓа СДС во Битола нека го секира Зечевиќ, ама тоа што афектира распад на цели институции, и тоа во колапсен габарит, е тоа претставува огромна грижа за сите нас!

Дали воопшто размислувате дека доаѓа време кога одговорноста дефинитивно ќе биде индивидуална и ќе носи име и презиме!

Важно е безусловно на 8 мај заедно да ставиме крај на ова лудило, зашто Никогаш не било полошо! Важно е заедно да ги поразиме!

Важно е државата повторно да биде на граѓаните“, рече Ковачевиќ.