ТЕРА

REKLAMA???

ЗАСТРЕЛАН ПРЕМИЕРОТ НА СЛОВАЧКА

Словачкиот премиер Роберт Фицо бил застрелан додека се движел меѓу толпа луѓе во градот Хандлова откако претходно бил одржан состанок на владата во Братислава, објавија локалните медиуми, a пренесува Радио Слободна Европа.

Инцидентот се случил пред Дом на културата во Хандлова каде премиерот имал средба со симпатизерите.

Фицо е пренесен во болница, објави новинската агенција ТАСР повикувајќи се на информација од потпретседателот на парламентот Лубос Блаха.

Министерството за внатрешни работи инцидентот го квалификуваше како „обид за атентат“.

Засега нема информации колку се сериозни раните на Фицо.

Новинарите кои беа на местото на настанот рекоа дека се слушнале неколку истрели од пиштол пред да настане метеж околу премиерот.

На социјалните мрежи почнаа да се споделуваат видеа на кои се гледа како полицајците го соборуваат осомничениот на земја и го апсат.