Дарио Ивановски е најдобар македонски атлетичар неколку години наназад, а својата добра форма ја потврди и на полумаратонот на Европското првенство кое се одржува во Италија.
Ивановски истрча одлично во италијанската престолнина и постави нов национален рекорд на полумаратонската дистанца, откако делницата во Рим ја заврши за 1 час, 4 минути и една секунда.
Ова е голем исчекор од страна на Дарио кој си ги урива сопствените рекорди од минтинг на митинг, па така националниот рекорд кој и претходно беше во негова сопственост го подобри за 44 секунди.
Севкупно гледано, македонскиот претставник ја заврши трката на 29-то место од 64 полумаратонци од Европа, а на трката славеше домашен атлетичар. Италијанецот Јеманерберхан Крипа ја истрча делницата долга 21 километар за 1 час, 1 минута и 3 секунди, што е рекорд на Европските првенства.


















