Општина Битола објави јавен повик за поддршка на програмските активности и настани на Културно-уметнички друштва.
Предмет на јавниот повик е кофинансирање на програмски активности и настани, презентирање, афирмирање, зачувување и пренесување на материјалното и нематеријалното културно фолклорно наследство.
Вкупниот износ на средства кои се предвидени со овој повик е 1.000.000,00 денари.
Програмските активности и настани треба да се реализираат заклучно со 31.12.2024год.
Право на учество на јавниот повик имаат сите Културно Уметнички Друштва (здруженија на граѓани од областа на фолклорот) со седиште во Општина Битола, на кои што основни цели и задачи им се афирмирање, омасовување и развој на традицијата, формирање на секции и групи за изучување, негување, развивање, унапредување и презентирање на фолклорните добра.
Повикот трае од 17.07.2024 до 23.07.2024 до 15.30 часот.
Повеќе информации за повикот, како и документите за аплицирање, достапни се на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/kud-2024/.
Другиот повик е за учество во програмата на Битолското културно лето Битфест.
Општина Битола, оваа година по 16-ти пат го организира Битолското културно лето „БИТ ФЕСТ”.
Предмет на јавниот повик – кофинансирање на манифестации и проекти од областа на културата:
– музичка и музичко – сценска уметност
– театар
– ликовна уметност
– видео, фото, филмска уметност
– литература
– фолклор
– нови уметности
– мултидисциплинарни проекти
Вкупниот износ на средства кои се предвидени со овој повик е 1.000.000,00 денари, a aктивностите треба да бидат реализирани заклучно со 31.08.2024 год.
Право на учество на јавниот повик имаат сите заинтересирани субјекти, физички лица, правни лица, Здруженија на граѓани, владини организации и јавни установи од областа на културата (со седиште во Општина Битола). Ако апликантот е со седиште во друга општина, проектот/активноста треба да биде одржана на територија на општина Битола.
Со цел, поддршка и промоција на културните настани и дисперзија на случувањата на различни локации во Општината, приоритет ќе имаат манифестации и предлог настаните кои ќе се одржат на алтернативен простор, соодветно на комплетноста на апликационата форма.
Организаторите на културните настани и манифестации кои се дел од програмата за култура, усвоена од Советот на општина Битола, немаат право да аплицираат на овој повик, а нивните манифестации ќе бидат дел од Програмата на „БИТ ФЕСТ 2024″.
Повикот трае од 17.07.2024 до 23.07.2024 до 15.30 часот.
Повеќе информации за јавниот повик и документацијата за аплицирање, достапни се на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/bitfest-2024/.












