ТЕРА

REKLAMA???

ПРИТВОРЕН ОСОМНИЧЕНИОТ ЗА НАПАД НА ФЕСТИВАЛОТ ВО ГЕРМАНИЈА

Денеска во утринските часови е уапсено едно лице за кое сведок тврди дека е наводниот извршител на нападот што се случи синоќа во германскиот град Солинген, информира германската полиција, а пренесува германскиот портал БИЛД.

Синоќа на фестивалот по повод 650 годишнината од формирањето на Солинген, на централниот плоштад Фронхоф, маж по случаен избор со нож избодел неколку посетители. Во нападот загинаа три лица, а пет се тешко повредени.  Очевидци ја известиле полицијата нешто по 21.30 часот дека непознат сторител со нож ранил неколку лица и се вдал во бегство. Засега полицијата го карактеризира случаКот како терористички акт.