Денеска во просториите на Рударско-енергетскиот комбинат Битола се одбележа Денот на рударите. На работници кои станале пензионери во последната година им беа доделени пригодни награди. Во РЕК е тешко, но се работи посветено велат двајцата најнови пензионери од РЕК Битола.

Рударите се великаните на нашето време, рече директорот на РЕК Битола Пеце Матевски на свечената церемонија со која денеска започна одбележувањето на Денот на Рударите. На двајца од вработените кои се пензионирале меѓу двата празника им беа доделени пригодни подароци.
„Во името на менаџерскиот тим на РЕК Битола, на нашите работници, рудари кои работат во нашиот комбинат им го честитам Денот на рударите, им посакувам успешно здравје, добра работа, како и на сите рудари во нашата држава. Знаеме дека рударството е еден од најтешките професии, нашите рудари работат посебно во рудникот СувоДол на 130 метри од почетното ниво, работат во тешки услови. Сепак, комбинатот наш мора да проиозведува електрична енергија и, нормално мора да се вади јаглен. “ – изјави Пеце Матевски, Директор на РЕК Битола.

Денешната средба со медиумите измина во потсетување на своите почетоци, годините исполнети со среќни, стресни и тажни моменти, како што рекоа на својот живот исполнет и посветен на работата на комбинатот.
Џевдет Џеловски – Џеко е човекот со најдолг стаж во РЕК Битола – 52 години. Работел на КОТА 47 – место од кадешто с е храни целиот производствен систем – рачн на ленти се фрлапе ќумур.
„Првпат кога дојдов тука во РЕК Битола почнавме да го пуштаме вториот Блок. Значи беше многу тешко, бидејќиу тогаш како нови не можевме така брзо да се снајдеме ниту пак да го пратиме системот. Но, благодарение на постарите ракувачи, ние научивме многу од нив. Јас кадешто рабодев, на КОТА 47 не беше лесно. Од пуштањето се давиш во прашина од ќумур, таков е системот кадешто неможеш да избегнеш.“ – вели Џеловски. „ Во РЕК Битола постојат три блока, секој блок има по 6 бункери и секој бункер троши по 300 тони, што значи кога работи еден блок потребни за една смена се 1.800тони ќумур. Тоа не е лесно. Пресметајте кога работат трите блока.“

Благојче Трипуновски започнал кога имал 18 години, во вреекога се градел оџакот и се наѕирале почетоците на разладата кула. Време кога со „кружен“ автобус се стигнувало до рудникот, време кога заради тоа возрасните се шегувале со него – штом е таму веројатно го згрешил автобусот па наместо низ градот, стигнал во РЕК.
„Јас сум вработен на 5.05.1980 година како електричар. 2,5 години работев како електричар на ЗТ 6608, тие се чешки машини. Јас кога почнав да работам системот го пуштивме со тројца луѓе одлагачи. Јас и двајца ракувачи. Немаше луѓе. Едно возило не носеше, истот не враќаше. Кал, заглавувања, што немам да кажам од 44 години. “ – вели Благојче Трипуновски.

Црната прашина влегува во порите, белите дробови, се лепи за човекот. Отвореното (работа на отворено) подразбира + 50 или -40 степени Целзиусови. Температурна разлика на која и челишните гиганти со кои се работи не функционираат.
„Па имаше зими, ние ги нарекуваме „Сибирски“ , со – 40 степени. Кога се обидувавме да отвориме врата или да го допреме железото, рацете ни се лепеа, не можевме да ги откачиме. Замислете на – 40, а ние во интерес на работата -работевме, затоа што РЕК е најголемиот гигант во државата, без РЕК Битола нема живот во Македонија. “ – вели Џеловски.
„Условите во рудникот се од +50 до -40. Ние влегуваме во кабини во кои кога ќе влезеш роса се правиме , а јас како што носам наочари … не можеш ништо да гледаш. Во лето така, во зима обратно. Замрзнато се, а машините мора да работат, да ги осопособуваме. И тоа го правевме.“ – се присетува Трипуновски.

Пензионерскиот живот диктира друга динамика. „Тешко е. Кај 8-9 часот оној период, кога си бил навикнат да се најдиш со колегите, шефојте да дојдат да кажат што има каде има каде треба да се сработи. Цел живот јас го поминав тука, во РЕК. Цел живот. “ – вели Трипуновски.

Многумина од 80те години на минатиот век, кога Благојче и Џеко го започнувале својот работен век, се вложиле во животот на комбинатот во кој многупати се случувале и кобни несреќи. Оттука и иницијативата на Благојче.
„Ние дадовме многу жртви и би сакал една спомен плоча , затоа што мои колеги имаат загинато, сите тие да бидат напишани на спомен плоча овде во РЕК- во Рудникот или во Термото“.
РЕК сеуште работи со Чешките машини, и по некој руски систем но , тоа е тема за друга прилика. Денеска како што кажа директорот Матевски, со честитката на секој рудар или вработен во производството на струја се вели и Среќно!













