ТЕРА

REKLAMA???

СРПСКИОТ ПРЕМИЕР ВУЧЕВИЌ ВО ПОСЕТА НА МАКЕДОНИЈА

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денес го пречека и ќе биде домаќин на посетата на претседателот на Владата на Република Србија, Милош Вучевиќ и српската делегација.

Во рамки на посетата ќе се одржи тет-а-тет средба на претседателот на Владата, Мицкоски со претседателот на Владата на Република Србија, Вучевиќ.

Исто така ќе се одржи и пленарна средба помеѓу делегацијата на Владата на Република Северна Македонија и делегацијата на Владата на Република Србија, по што ќе следи свечено потпишување на Меморандум за соработка меѓу македонското Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини со српското Министерство за рударство и енергетика.