Поради зачестено ширење на непроверени информации за земјотреси, Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ во Скопје апелира до медиумите да користат само официјални податоци.
„Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ во Скопје, како единствена институција во Републиката која е задолжена и овластена да ја одржува сеизмолошката мрежа, и да ги објавува податоците за сеизмичките појави вклучувајќи го и известувањето на јавноста за почувствуваните земјотреси во Републиката согласно Законот за учество на Републиката во финансирањето на сеизмолошката и инженерско-сеизмолошката дејност (Службен весник на СРМ, Бр.18 од 10 октомври 1983, стр. 330‑331), ги потсетува медиумите и медиумските работници при известување на јавноста за случен и почувствуван земјотрес, да ги користат исклучиво официјалните информации кои ги споделува Сеизмолошката опсерваторија. Споделувањето на невистинити и погрешни податоци може да предизвика општа паника на населението и истото е казниво со закон.“ се вели во соопштеннието.
За навремено информирање на јавноста, Сеизмолошката опсерваторија испраќа официјални известувања до медиумите преку електронска пошта.
АПЕЛ ОД СЕИЗМОЛОШКАТА ОПСЕРВАТОРИЈА: КОРИСТЕТЕ ОФИЦИЈАЛНИ ПОДАТОЦИ


















