ТЕРА

REKLAMA???

ДРАГАНА КИРКОВСКА НОВ ВД ДИРЕКТОР НА УЧИЛИШТЕТО „КОЧО РАЦИН“

За нов вд директор на Основното училиште со ресурсен центар ,, Кочо Рацин ” – Битола е назначена г-ѓа Драгана Кирковска, дипломиран специјален едукатор и рехабилитатор и стручно лице од редот на вработените во институцијата.

Своето четиригодишно средно образование го стекнува во општинското средно медицинско училиште ,, Д-р Јован Калаузи ” во Битола, а своето високо образование го завршува во 2011 година на Универзитетот ,, Св. Кирил и Методиј ” во Скопје на Институтот за специјална едукација и рехабилитација. Подоцна ги продолжува своите магистерски студии на насоката за оштетување на слухот.

Работното искуство во Основното училиште со ресурсен центар ,, Кочо Рацин ” го започнува во 2012 година како специјален едукатор и рехабилитатор на воспитна група во дневниот престој каде престојуваа ученици со посебни потреби.

Има учествувано на бројни семинари, конференции, обуки и проекти од областа на специјалната едукација и рехабилитација и има особен придонес низ изминатите години во работата со лицата со посебни потреби.