ТЕРА

REKLAMA???

КОЊАНОВСКИ: „КОПАНКИ“ БИСЕРОТ НА БИТОЛА ГО ВРАЌА СВОЈОТ СЈАЈ

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски, заедно со секретарот на општината Борче Димитровски, директорот на ЕСМ Молика Горан Исков и претседателот на ПСК „Пелистер“ Димче Попов, извршија увид во градежните активности на планинарскиот дом Копанки кои влегуваат во финалната фаза.

„Во моментот се привршуваат активностите за заокружување на карабината со покрив. Во следните две недели ќе продолжи поставување на лим на кровот и ѕидањето на страничните калкани. Следна фаза е застаклување и внатрешно уредување на објектот кое се очекува да биде завршено до крајот на идното лето. Битола се гради повеќе од секогаш, а една од најзначајните активности е и обновување на планинарскиот дом Копанки, култно место за битолчани кое го реализиравме заедно со ПСК „Пелистер“ Битола“ вели градоначалникот Коњановски.