ТЕРА

REKLAMA???

СООБРАЌАЈКА СО ТРАГИЧЕН ИСХОД НА УЛИЦА „ДОВЛЕЏИК“

На 15.12.2024 во 15.44 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Довлеџик” во Битола, патничко возило „сузуки” со битолски регистарски ознаки, управувано од 54 годишен возач од Битола, удрило во бетонски столб. 

Од здобиените повреди на местото починал 80 годишниот сопатник од Битола, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Битола,  додека пак возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола.

 Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола.