Kако општествено одговорна организација, ЈКП “Водовод” – Битола и оваа година се вклучи во празничната магија, донирајќи новогодишни пакетчиња за децата од ранливите категории во општеството, соопштија од јавното претпријатие.

„Со овој мал, но значаен гест, се трудиме да внесеме радост во домот на секое дете и да им овозможиме да ја почувствуваат топлината на празниците. Со заедничка солидарност и љубов, можеме да го направиме светот подобро место за нашите најмили“ велат од „Водовод“.

А, паќетчиња донираа во дневенот центар за лица со интелектуална и/или телесна попреченост – Битола, ЈЗУ центар за рехабилитација на патологија на вербалната комуникација –Битола, здружението на родители на деца заболени од церебрална парализа и Црвенот крст.


Фото: Водовод-Битола












