ТЕРА

REKLAMA???

СЕ ГРАДЕЛО И ВО НОЕМВРИ, ГОСТИВАР ЌЕ ДОБИЕ 117 НОВИ СТАНОВИ

Државниот завод за статистика денеска излезе со информации за издадени градежни дозволи во ноември лани, главно за станбени објекти кои ќе бидат завршени во текот на оваа или следната година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2024 година се издадени 260 одобренија за градење, што е за 18.2 % помалку во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4 250 392 илјади денари, што е за 63.8 % помалку во однос на истиот месец од претходната година. Намалената предвидена вредност се должи на фактот дека во истиот месец од претходната година било издадено одобрение за градење на објект од нискоградбата со поголема вредност, односно изградба на меѓусебно поврзан (интерконективен) гасовод Република Северна Македонија – Грција.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 155 (59.6 %) се наменети за објекти од високоградба, 59 (22.7 %) за објекти од нискоградба и 46 (17.7 %) за објекти за реконструкција. Од вкупно 260 објекти, на 146 (56.1 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 114 (43.9 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 542 станови, со вкупна корисна површина од 49 111 м2.

Во вкупната бројка на станови предничи Гостивар, со изградба на објекти за 117 станови. Поделени по региони, во ноември 2024 година најмногу се издале градежни дозволи за   Скопскиот регион – и тоа во општините Карпош и Сопшите, со вкупна предвидена вредност на изградените објекти од 830.770 денари, а потоа во Пелагонискиот регион – во Битола и Прилеп со вкупна предвидена вредност на изградените објекти од 659.720 денари.

Инаку, просечната цена на станбен квадрат во главниот град денеска изнесува 1.685 евра. Цените на станбениот и деловниот кредит во внатрешноста на државата се нешто помалку, но сепак преку 1.300 евра во денарска противредност.

Најновите податоци на Народната банка на Македонија покажуваат нов раст на цените на недвижностите во земјава, и тоа за високи 10 проценти. Оваа година за разлика од претходните поскапувањето на становите и деловните објекти е со намалено темпо, но сепак, со оглед на зголемената основа, новото поскапување на недвижностите укажува дека цените „немаат плафон“.

Според Државниот завод за статистика Просечната цена на 1м2 станбена површина на територијата на Република Македонија во 2009 година изнесувала  51. 644 денари   или според актуелниот сооднос со еврото околуи 840 еврљ. И тоа била цена за 78% помалку од цената што била во 2008 година.

 

 

фото насловна: cenakvadrat.com